Касами: В недела волјата на тетовчани ќе биде против Теута Арифи

Тетово е обединето и без разлика на партија, вера и нација ќе го казни осумгодишното неработење на Теута Арифи, изјави претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами на завршниот митинг на градскиот плоштад.

-Ги повикуваме сите граѓани на Тетово со право на глас, без разлика на партиска, етничка или верска припадност, да го остварат своето право, да излезат и да гласаат за промени. Верувам дека граѓаните ќе ја поддржат оваа коалиција, затоа што веќе се разочарани и доста им е од ова пропаднато раководство, кое нема создадено ништо добро за граѓаните. Еднаш засекогаш во локалната власт ДУИ ќе биде тргната од сите општини во полошкиот регион, и зошто да не, на следните избори и од централната власт“, порача Касами и додаде дека в недела волјата на тетовчани ќе биде против Теута Арифи.

-Само така заедно во недела, и од понеделник ќе бидеме на чело на општината, зошто Тетово ќе ѝ се одземе на Теута Арифи и ќе се врати на граѓаните на Тетово. Теута Арифи не направи ниту еден проект за да ги задржи младите тука, затоа ние сме внимателни, секој млад со идеја за бизнис, да му ги овозможиме сите административни процедури, за да почне со бизнисот и за да ја обезбеди својата иднина тука. Од понеделник ние заедно ќе го управуваме овој сакан град, ќе ги реализираме сите проекти заедно за нашата иднина и иднината на нашите деца. По 4 години ќе зборуваме повеќе за култура, за наука, за животот на младите, да зборуваме повеќе за европски услови за живеење, не за европско Тетово на Теута Арифи, туку за европско Тетово какво ние сакаме“, истакна Касами.

Треба да знаете
Последни објави