Пет илјади посетители за еден ден на павилјонот на Македонија на Дубаи Експо 2020

На вчерашниот ден, петок, 29 октомври 2021 година, нашиот павилјон на Дубаи ЕКСПО, на кој се претставени културните посебности, туристичките атракции, богатото историско наследство, како и етничката разновидност, забележа рекордна посетеност од безмалку 5000 посетители.

Северна Македонија учествува на најголемиот светски настан за оваа година – ДУБАИ ЕКСПО 2020 со слоганот “Дом на секој чекор”, а под мотото “Нови можности”.

Многубројните посетители од над 190 земји во светот имаат уникатна можност директно да се запознаат со културата и традицијата на нашата држава, како и со природните богатства и туристичкиот потенцијал. Изложени се теракоти, артефакти, традиционални носии, промотивни материјали и видео презентации на Северна Македонија.

Посебен фокус е ставен на можностите за економска и трговска соработка, како и инвестицискиот и бизнис потенцијал на земјава, поради што поставени се и дополнителни информативни панели  за слободните економски зони, иновациите, земјоделството, енергетиката и туризмот.

Придобивките од учеството на Северна Македонија на ДУБАИ ЕКСПО 2020 се мултидимензионални. Тие овозможуваат пред се’ подигнување на видливоста на земјава во регионот на Блискиот Исток, но и во светски рамки, зголемување на бројот на странски туристи, креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка со голем број земји од различни региони во светот.

 

Треба да знаете
Последни објави