Над 760 милиони евра се одвоени од владата за справување со кризата, во изминатата година, за заштита на најзагрозените граѓани, поддршка на стопанството, субвенции и обезбедување доволно енергенси за оваа зима, која патем е на крајот а ниедно од најлошите сценарија не се оствари. Напротив, успешно се справивме, домовите на граѓните останаа топли и осветлени. Никој не оставивме сам!
Европската Унија е наш партнер во интегративниот процес и развојот, но и во тешки времиња. Финансиската поддршка од 80 милиони евра, која беше одобрена од ЕУ за поддршка на нашата земја и граѓани, е поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност напиша Битиќи.