Агуеро има аритмија, ќе паузира некое време

Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро поради проблеми со дишењето беше заменет на натпреварот меѓу Барселона и Алавес, а скоро дванаесетина часа по прегледите пристигнаа и резултатите.

Напаѓачот заврши во болница на итни тестирања каде му открија дека има срцева аритмија. Се работи за проблеми со работата на срцето, кое во моменти работи неправилно, односно чука пребрзо или преспоро.

Според информациите од Барселона, Агуеро се чувствува добро, мирен е и чека разврска на ситуацијата во којашто се најде. Врз него ќе бидат направени уште прегледи, а нема да игра некое време за Барселона.

Следен предизвик за клубот од Шпанија ќе биде меч во Лигата на шампионите против Динамо Киев.

Треба да знаете
Последни објави