Соопштение на Аксиос 2017:
Според информациите кои пристигнаа до нас, пред околу час и половина наш набљудувач беше попречен во вршење на својата должност со употерба на физичка сила.
Имено, станува збор за инцидент кој се случил во селото Бојане. Нашиот активист при обидот да влезе и да го следи изборниот процес, бил физички нападнат од повеќе лица.
Активистот е овластен од страна на Државната изборна комисија непосредно да ги следи Локлните избори 2021. Истиот во моментот кај себе поседувај легитимација и овластување доделени од страна на ДИК.
Бараме итна реакција од институциите, со цел воспоставување на ред и да се запази законитоста на изборниот процес.
Ваквите настани создаваат лош углед за демократијата во нашата земја, авоедно се загрозува уставното право на граѓаните да имаат слободен избор и легитимно право на надзор врз избирачкиот процес.



