Јапонецот кој избоде 17 луѓе во метро и ги полеа со киселина, потоа мирно седнал и запалил цигара

Вознемирувачки снимки пристигнуваат од Јапонија, каде денеска напаѓач избоде и полеа со киселина 17 патници во токиското метро, по што запалил еден од вагоните, пред полицијата да го совлада и уапси.

Напаѓачот, облечен во костум, без предупредување извадил нож и почнал да ги боде луѓето околу него, предизвикувајќи паника во метрото. Тој истовремено и ги полевал со киселина дел од патниците по што, откако останал сам во вагонот, мирно седнал и запалил цигара, а на социјалните мрежи се појави снимка од тој момент.

Повозрасен човек е во критична состојба откако бил прободен од напаѓачот, а сведоците изјавија дека тој испрскал запалива течност и предизвикал пожар во вагонот, јавија медиумите.

вете жртви биле хоспитализирани, а осомничениот – кој наводно „талкал некохерентно“ и носел крвав нож – набрзо бил уапсен од полицијата.

https://youtu.be/g0y4Sir7PL0

Треба да знаете
Последни објави