Стевчо Јакимовски како кандидат од ГРОМ, а поддржан од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Карпош над Душко Весковски од СДСМ.
-Јас го гледам Карпош 30 години напред. Карпошани повторно сакаат весел и цветен Карпош, нешто што беше оваа општина во минатото. Јас победив како Новак Ѓоковиќ. Сакам да кажам дека не газам на трула даска. Го чувствував пулсот на граѓаните на Карпош и ќе работам за доброто на сите.Во оваа изборна кампања морам да кажам дека се однесував витешки, излегував и кажував кои се решенијата на проблемите на Карпош и која е визијата на Карпош. Нема реваншизам, нема лоши работи да има. Продолжуваме да работиме, рече Јакимовски, и додаде дека со Карпош легнувал, со Карпош станувал додека бил градоначалник во претходниот мандат и оти така ќе биде и сега.



