Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ

Премиерот Зоран Заев поднесе оставка како премиер и лидер на СДСМ по денешниот втор круг од локалните избори. Пред да каже дека поднесува оставка, тој им честиташе на противниците на победата на локалните избори.

– Им честитам на сите градоначалници. Сакам да споделам разочараност кај мене и кај народот. Во името на СДСМ им ја честитам на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја преземам одговорноста заклучно со резултатите на вие избори. Поднесувам оставка како премиер и претседател на СДСМ. Останувам на старото, не треба да има вонредни парламентарни избори. Ќе останам периодов додека треба, да се организира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има, а може и да се прошири. Како човек сум дел од СДСМ и од прегресивниот народ и останувам во првите борбени редови како член на СДСМ и дел од нашиот прогресивен народ, изјави Заев на прес-конференција.

Тој истакна дека е горд како прогресивни сили што земјава ја внеле во НАТО, дека набрзо e можно да почнат преговорите со ЕУ , дека е спроведен успешен попис, дека го обединил народот и дека и дека има соработка со сите пет соседи.
Заев нагласи дека поради влезени во земјава големи пари од надвор, завршиле во дел фирми и како што рече, влијаеле на изборниот резултат.

-На овие избори видовме сојузи на жртви и насилници од 27 април. Се здружија без било каков образ за глас и пари.Жалам што исти луѓе кои пред четири години тргнаа да убиваат во Собранието, сега се избрани за градоначалници. Видовме сојуз на жртви и на насилници само за власт. Не е тешко да се изгуби власта. Убеден сум дека донесовме слобода и демократија, а слободата и демократијата значат и одговорност. Можеби не сум во право, но ред е народот да поддржи политичари кои носат храбри одлуки. Јас ја презедов одговорноста врз себе, за прогресивните сили да можат да ја продолжат борбата, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави