Властите во бразилската држава Минас Жераис соопштија дека се убиени најмалку 25 лица осомничени за грабеж на неколку банки во регионот.
Во еден судир меѓу полицијата и банда убиени се 18 лица, а во друг седум, пренесува Гардијан.
– Оваа операција … ќе влезе во историјата, изјави за локалното радио секретарот за државна безбедност на Минас Жераис, Рожерио Греко.
Полицијата соопшти дека бандата подолго време била под засилен надзор, а за време на судирот кај осомничените било пронајдено оружје од голем калибар, експлозиви и панцири.
Федералната сообраќајна полиција, која учествуваше во операцијата, прецизираше дека групата имала „вистински воен арсенал” вклучувајќи автомати, митралези со калибар 0,50, експлозиви и панцири.