Вашингтон Пост: ФБИ не реагирал на дојавите за насилство во Капитол

Федералното истражно биро (ФБИ) и други клучни американски агенции за спроведување на законот не одговорија на плејадата совети и други информации пред 6 јануари, што сигнализираа дека тој ден може да се случи потенцијално насилен настан во Капитол, покажуваат документите објавени од Вашингтон Пост.

Според весникот „документите на внатрешното биро” вклучувале информации добиени од официјални лица во неделите пред пратениците да се состанат за да ги потврдат резултатите од претседателските избори. Меѓу информациите на ФБИ била и дојава, добиена на 20 декември, дека поддржувачите на Доналд Трамп разговарале онлајн како да се внесе оружје во Вашингтон за да ја „прегази” полицијата и да апсат членови на Конгресот.

Извештајот вклучува детали кои покажуваат дека оние што го планирале насилството верувале дека имаат наредба од претседателот, користеле шифрирани зборови за да го опишат оружјето и го објавиле времето и локацијата на четири места низ земјата за состаноци еден ден пред заедничката седница. На една веб-страница, Мит Ромни, републикански сенатор од Јута, беше конкретно споменат како цел, наведува Вашингтон Пост. Ромни подоцна беше еден од седумте републиканци во Сенатот кои гласаа за осуда на Трамп по едно обвинение за поттикнување бунт, изнесено од Претставничкиот дом за време на второто отповикување на поранешниот претседател.

Официјален претставник на ФБИ, оценувајќи го извештајот, истакна дека неговата единица добила „значителен број” предупредувања за закани кон Конгресот и други владини претставници. ФБИ ја пренесе информацијата до агенциите за спроведување на законот во Вашингтон, но не продолжи да се занимава со случајот.

„Поединецот или групата идентификувани за време на проценката не бара дополнителна истрага од ФБИ во овој момент”, се заклучува во внатрешниот извештај во кој имал увид „Вашингтон Пост”.

Треба да знаете
Последни објави