(Видео) Навивачите на Гремио ги бркаа играчите на теренот, го уништија ВАР мониторот и удараа по полиција

Фудбалерите на Гремио синоќа беа поразени на домашен терен од Палмеирас во натпреварот од 29. коло на бразилската фудбалска Серија А, што предизвика големо незадоволство кај навивачите на домашниот тим. Палмеирас синоќа победи во Порто Алегре со 3:1 и зададе уште еден удар за Гремио, кој е пред испаѓање од Серија А натпреаврувањето. Гремио моментално е претпоследен на табелата со дури 15 порази од 27 натпревари, а го чека грчевита борба за опстанок во преостанатите девет кола.

Синоќешниот пораз тешко им падна на навивачите на Гремио, кои по натпреварот направија тотален хаос на стадионот. Група навивачи успеале да истрчаат на теренот и почнале да кршат се пред себе. Навивачите успеаја да го уништат ВАР мониторот кој се наоѓа веднаш до влезот на тунелот во кој неколку моменти претходно влетаа играчите на двата тима. Фудбалерите на Гремио побегнаа од теренот кога видоа како гневните навивачи ја прескокнуваат оградата на трибините и тргнаа кон нив, а се судрија и со полицијата. На овој начин покажаа колку се незадоволни што еден од најтрофејните бразилски клубови е пред испаѓање.

 

Треба да знаете
Последни објави