Поранешниот капитен на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Серхио Рамос кој во Париз летово приостигна бесплатно како големо засилување за ПСЖ се уште нема заиграно за „светците“, а веќе се најавува негово заминување во зимскиот преоден рок. Трофејниот одбранбен играч Рамос во ПСЖ пристигна откако Реал Мадрид не сакаше да отстапи од својата традиција на фудбалерите над 30 години да им нуди само едногодишни догвори, што беше неприфатливо за капитенот кој цели 16 години беше дел од „кралскиот клуб“, па се пресели во Париз каде доби двегодишен договор.
Рамос дојде во Париз во рехабилитациски период после повреда, со надеж дека брзо ќе закрепне и најмалку дека може да го пропушти стартот на домашната Лига 1, но да биде спремен за стартот на ЛШ кон средината на септември. Мина и септември, мина и октомври, ама од Рамос на теренот нема ни трага ни глас. Затоа угледниот „Ле Паризиен“ веќе најавува повикувајќи се на информации во ПСЖ, сека раководството на клубот сериозно размислува да го раскине договорот со Шпанецот.
„Клубот имаше голема доверба во шпанскиот репрезентативец, ама таа доверба повеќе не е безусловна. Така да, раскин на договорот не е повеќе научна фантастика, туку реалност, иако засега не е на дневен ред. Но, ПСЖ веќе почнува да признава дека ангажманот на Рамос е грешка и дека може брзо да се случи тоа што сите го очекуваат, да се разделат после само шест месеци соработка во која Шпанецот не одигра ни минута“, пишува францускиот весник.