Вишото јавно обвинителство Ниш вчера му одреди притвор на Б.М. поради сомневање дека од октомври 2020 година до февруари 2022 година во два наврати ја силувал ќерка си во неговиот стан во Ниш, при што таа останала бремена и родила девојче.
Во изјавата во полиција, оштетената изјавила дека во октомври 2020 година од згрижувачкото семејство се преселила кај нејзиниот татко во Ниш, при што истиот ден по нејзиното пристигнување ја принудил на сексуален однос. Грозоморната ситуација повторно се случила во февруари 2022 година, но несреќната девојка успеала да го пријави силувањето дури кога отишла да ја посети својата мајка која живее во Пеќинци.
Мајката ја однела во болницата во Сремска Митровица на лекарски преглед, каде било констатирано дека е бремена и подоцна родила девојче кое врз основа на ДНК анализа e утврдено дека татко на бебето е всушност сега осомничениот.