ДПИ со предупредување да се применуваат замрзнатите цени оти ќе следуваат високи казни

Почитувајте ги одлуките за замрзнатите цени на тестенините и млечните производи или во спротивно ќе следуваат високи казни, порачуваат од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) до трговците кои цените треба да ги усогласат за неполни шест дена. Одлуките кои ги донесе Владата стапуваат на сила на 16 март.

-Има доволен временски период за трговците да ги усогласат цените. Апелираме да се почитуваат одлуките, затоа што во спротивно, без селекција, ќе следуваат казни, кои според Законот за трговија се исклучително високи! Исто така, апелираме, доколку граѓаните забележат какви било неправилности кои се поврзани со цените на производите веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат, велат од ДПИ.

Казните за непочиување на одлуките произлегуваат од Законот за трговија. Тие се високи и изнесуваат од 800 до 10 000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Треба да знаете
Последни објави