Сем Рајдер ќе го претставува Обединетото Кралство на овогодишниот избор за песна на Евровизија во Торино, Италија.
Тој е еден од најследените пејачи во Велика Британија на „Тик-ток“, со 12 милиони фанови на апликацијата, и ќе ја изведе својата песна Space Man на големото финале во мај.
„Го сакам Евросонг. Мислам дека е голема привилегија да можам да се натпреварувам“, изјави тој за „Би-би-си Радио 1 њусбит“.
На минатогодишниот натпревар во Ротердам победи италијанскиот рок-бенд Måneskin.
Велика Британија веќе две години по ред се пласира на последното место на Евровизија.
„Не сакам да дозволам стигмата или стравот да дојдам на одредено место на масата да ме спречи да направам нешто и да бидам дел од нешто во што толку многу уживам“ ,изјави претставникот на Британија.