Шок во САД, пропадна огромна банка: Се урна со неверојатна брзина за неколку дена

Во САД пропадна банка, најголема по финансиската криза во 2008 година- по паниката кај инвеститорите, американската институција за осигурување на депозити вчера ја презеде контролата врз банката Silicon Valley Bank (SVB) во петокот.

Колапсот на џиновската финансиска куќа ја зголеми загриженоста дали и други банки би можеле да се соочат со слични проблеми.

Откако во средата се дозна дека SVB загуби 1,8 милијарди долари поради под притисок распродажба на своето портфолио на хартии од вредност проценето на 21 милијарда долари, штедачите и депозитарите ги фати паника, а менаџерите на SVB се обидоа да ги зајакнат своите капитални позиции со објавување на продажба на акциите на банката, но не успеаја.

Поради загриженоста на инвеститорите дека нешто слично може да им се случи на другите банки на берзата, 52,4 милијарди долари од пазарната вредност на нивните акции беа „збришани“. Акциите на големите финансиски институции како JPMorgan Chase, Bank of America, Citigroup, Wells Fargo… беа продавани бидејќи сопствениците на нивните акции почнаа да се прашуваат која е точно вистинската пазарна вредност на обврзниците во нивните портфолија.

По веста дека SVB може да пропадне во текот на оваа недела, болен пад забележаа и акциите на европските банки. Во петокот индексот на Euro Stoxx Bank со пад од 4 отсто го имаше најлошиот ден од средината на минатата година. Сосиете Женерал падна за 4,7 отсто, ИНГ 4,8 отсто, а Банко Сабадел нешто повеќе од 5 отсто… Тоа не значи дека повеќето американски и европски банки во моментов не се добро капитализирани. Понатамошниот развој на ситуацијата се уште не е целосно предвидлив.

SVB е банка стара 40 години која главно се занимавала со финансиски мониторинг на старт-ап компании. Нејзиниот колапс ќе остане запишан со големи букви во историјата на американското банкарство бидејќи таа не само што е најголемата банка што пропаднала од кризата во 2008 година, туку и втора по големина досега.

Во моментов клучното прашање е како да се заштитат преостанатите 175 милијарди депозити во банката СБВ. Започнат е процес при кој депозитите ќе се префрлаат во една од здравите финансиски институции.

Треба да знаете
Последни објави