Белоруските граничари на националната телевизија тврделе дека граничари од Украина закачиле кукла во униформа на руската армија на границата со Белорусија и ја нарекле Валера, пишува Украинска Правда.
Сергеј Павлов, официјалниот претставник на граничниот одред „Мозир“, изјави дека Украинците рекле дека куклата претставува војник кој загинал во близина на Киев.
Киев.
https://t.me/DPSUkr/10021?embed=1
Граничарите од Белорусија тврдат и дека нивните колеги од Украина ја оштетуваат инфраструктурата и покажуваат агресивни гестови. Тие изјавија дека Украинците пишуваат навредливи натписи на сообраќајните знаци, лепат летоци со апели и пуштаат политички аудио снимки и закани.
„Не заплашивме, туку навестивме“, одговори Државната гранична служба на Украина.