Пит Дејвидсон ќе му се придружи на Џеф Безос на пат во вселената

Комичарот Пит Дејвидсон, наводно, ќе оди на пат во вселената.

Дејвидсон, момчето на Ким Кардашијан, е блиску до потпишување договор да го придружува милијардерот Џеф Безос на летот на „Блу ориџин“.

28-годишната ѕвезда на Saturday Night Live „моментално е во преговори да се качи на летот на Blue Origin со 58-годишниот основач на „Амазон“ за да помине нешто повеќе од 10 минути на 100 километри над површината на Земјата“, објави „Пејџ сикс“.

„Пит е возбуден“, изјави извор близок до комичарот за порталот, иако тоа не е завршена работа.

„Тие сè уште немаат потпишано договор, но изгледа дека тоа ќе се случи. Деталите се финализираат“, додаде изворот.

Треба да знаете
Последни објави