Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и Амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер, свечено ќе ја отворат манифестацијата „100 години Ацо Шопов” на која свое обраќање ќе имаат истакнати македонски поети, професори и членови на семејството на Ацо Шопов.
Настанот по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов ќе се одржи утре (14.3.2023, вторник), со почеток во 13:00 часот, во Музејот на македонската борба за независност – Скопје.
Музеј на македонската борба за независност-Скопје (Конференциска сала)
14 март 2023 г.
14 март (вторник) 13.00 – 14.00 часот
Обраќања и излагања за одбележување на значајниот јубилеј – 100 години од раѓањето
на Ацо Шопов.
Излагањата ќе бидат во насока на чествување на животот, творештвото и преведувачка
дејност на Ацо Шопов. Времето на излагање е ограничено на 10 минути.
Модератор: Лидија Неделковска, раководител на одделение за култура на Општина
Центар-Скопје
-Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар – Скопје
Обраќање
-Н.Е. Сирил Бомгартнер, амбасадор на Република Франција во Република Северна
Македонија
Обраќање
-Проф. д-р Веле Смилевски, писател
Излагање
-Ученици од ООУ „Димитар Миладинов“
Поетско рецитирање на поема од Ацо Шопов, на македонски јазик и на француски јазик
-Проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје
Излагање
-Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје
Излагање
-Студенти од Филолошки факултет „Блаже Конески“- УКИМ
Поетско рецитирање на поема од Ацо Шопов, на македонски јазик и на француски јазик
-Проф. д-р Ирина Бабамова, Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје
Излагање
-Светлана Шопова, сопруга на Ацо Шопов
Обраќање
-Затворање на настанот со настап на пијано на 12-годишната Петра Митровиќ, стипендист
на Општина Центар-Скопје од областа на културата која има освоено единаесет први места на
светски натпревари и одржано солистички концерти во катедралата Нотр Дам во Париз и
Карнеги Хол во Њу Јорк