Американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека финансискиот систем на земјата остана недопрен и покрај ненадејниот банкрот на банка во Силиконската долина.
-Американците можат да бидат сигурни во безбедноста на националниот банкарски систем. Вашите депозити ќе бидат таму кога ќе ви бидат потребни, рече Бајден.
Банката во Силиконската долина се затвори во петокот, што е најголем колапс на банка од 2008 година, кога банката „Вашингтон Мјучуал“ пропадна во екот на светската финансиска криза.
Средствата на банката во Силиконската долина беа запленети од страна на американската Федерална осигурителна корпорација, а банката попушти откако нејзините клиенти, главно ИТ работници и фирми за ризичен капитал, почнаа да ги повлекуваат своите пари, создавајќи општа навалица.
Претседателот Бајден кажа дека ќе бара одговорните да ги сносат последиците и дека ќе изврши поголем притисок за подобро регулирање и надзор на поголемите банки.
Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, вчера изјави дека федералната влада нема да и помогне на банката во Силиконската долина во стечај, туку работи на помош на нејзините корисници.
Британската филијала на калифорниската банкротирана Банка на Силиконската долина (SVB) е продадена на банката „HSBC“ со посредство на британската Влада и Банката на Англија, соопшти денеска британското Министерство за финансии.