Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски”, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ” бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на седницата одржана на 16.11.2021 година, донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” за 2021 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија
1. Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на:
– проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор.
2. Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на:
– Јован Павловски, писател
– м-р Снежана Анастасова Чадиковска, музички уметник
– Елена Дончева, академски сликар – костимограф.
3. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во ,,Службен весник на РСМ” .
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2021 година (среда) во 12 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.