Од денеска се применува уредбата на Владата на Србија со која се пропишува 60 дена да се „замрзнат” цените на шеќерот, брашното тип 400, сончогледовото масло, свинско месо и млеко со 2,8 отсто маснотии. Цените на тие основни намирници се задржаа на износот што беше на 15 ноември, така што нема да бидат исти во сите продавници.
„Тоа значи дека максималната цена на конкретен производ од овие пет групи може да биде цената што тој конкретен трговец ја имал на 15 ноември”, изјави за порталот Н1 секретарот на Трговското здружение во Стопанската комора на Србија, Жарко Малиновиќ.
Ограничувањето на цените нема да важи за намалените и промотивните цени – доколку некој производ од таа група бил во продажба на 15 ноември, нема да важи неговата промотивна цена, туку редовната.
Регулативата предвидува и производителите да не смеат да испорачуваат производи од овие пет групи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.
Казни се пропишани за фирмите кои се придржуваат до начинот на пресметување на маржата или не ги ограничуваат цените на петте основни намирници.