Вечното дерби во мак-фудбалот меѓу Пелистер и Вардар, кое попладнево требаше да се одигра во Битола во рамките од четврфиналето во Купот на Македонија е одложено. Причина е снегот на теренот „Под Тумбе Кафе“. Екипите се појавија на стадионот, меѓутоа снегот кој непрекинато паѓа не дозволува да се обезбедата нормални услови за одигрување на фудбалски натпреавр. Теренот е смрзнат, па затоа падна одлука истиот да се одложи и да се игра во нов термин, најверојантно 14-15 декември.
Преостанатите три меча од оваа елиминаторна рудба се играат. Претходно натпреварите од Купот на Македонија беа одложени поради автобуската трагедија во Бугарија во која загинаа 45 граѓани на нашата земја.