Компанијата dm drogerie markt уште во октомври 2019 година, прва на пазарот, ја укина употребата на пластичните ќеси на своите малопродажни локации.
Купувачите оттогаш имаат можност да изберат поеколошки решенија, како набавка на хартиена ќеса или трајна памучна торба, којашто, доколку се оштети или искине, може бесплатно да се замени за нова во која било дрогерија.
Во периодот по одлуката за укинување, во дрогериите на dm се направени над 5,5 милиони пазарувања и, ако се претпостави дека за секое од нив би можело продуктите да се спакуваат во пластични ќеси, тогаш компанијата спречи над 5,5 милиони од нив да завршат во природата.
Ако се знае дека една пластична ќеса тежи околу 5 грама, количеството отпад што е спречено да се создаде со оваа одлука на dm е околу 27,5 тони за две години.
Почитувајќи ги визионерските принципи на своето работење, dm drogerie markt пред повеќе од две години направи радикална промена и пластичните ќеси целосно ги исфрли од употреба на сите свои продажни локации, со што придонесе да се намали нивното штетно влијание врз животната средина.
Имајќи предвид дека, според одредени експертски толкувања, нивното разградување во околината може да трае и 800 години, чекорот на dm беше проследен со долгорочно одржливо решение, коешто истовремено е и практично за купувачите.
Тие ја препознаа визијата на компанијата и во изминативе две години над 20.000 граѓани ги купија трајните торби на компанијата, коишто се произведени од 100% сертифициран органски памук. При нивно оштетување или кинење, потрошувачите можат бесплатно да ги заменат во која било dm дрогерија.
Покрај овие, во дрогериите на dm во земјава се достапни и ПВЦ-торби за повеќекратно пазарување, а се продаваат и хартиени ќеси произведени од рециклирана хартија што го поседува сертификатот Blue Angel. Како прва и најстара, оваа ознака над 40 години е симбол за рационална употреба на суровини, ниска потрошувачка на енергија и поеколошко производство.
– Стратешкиот правец на dm drogerie markt како компанија е да настојува да дејствува општествено одговорно во сите сегменти од своето работење. Со укинувањето на пластичните ќеси, главна цел беше да ги поттикнеме потрошувачите да ги посетуваат нашите малопродажни локации со сопствени торби за повеќекратна употреба, а тие тоа масовно го прифатија и го применија во изминативе две години – изјавија од компанијата.
Мотивацијата на dm drogerie markt и понатаму продолжува позитивно да влијае и да ги инспирира купувачите да го следат еколошки одговорното однесување, како и да поставува нови стандарди во бизнис-заедницата, кои ќе овозможат да се заштити и да се зачува животната средина.