Поранешниот советник на премиерот, Зоран Заев и поранешен директор на УБК, Миле Зечевиќ вели дека се гледа на лидерското место на СДСМ на местото на Зоран Заев, но не и на местото премиер, објави Зечевиќ на дебата на ТВ 24.
Тој смета дека поради стабилноста на земјата и мнозинството, Заев треба да остане претседател на владата, но дека се смета за најдобар кандидат за внатрепатриските односи и за заклучување на стабилноста на партијата.
– Не сум заинтересиран за премиерската позиција. Без Заев на таа позиција не може да го внесеме инпутот внатре да ја реорганизираме целата партија и затоа е потребно стабилно мнозинство. Клучно прашање во овој момент е дали мојата кандидатура ќе придонесе за зајакнување на единството во СДСМ или дополнително може да ги влоши ионака лошите услови во кои се наоѓа партијата. Ако сите релевантни политички фигури во партијата влезат со амбиција да го преземат претседателскиот трон, тоа може да предизвика лавина од бурни реакции внатре во членството. Ако почнеме со такво, тоа нема да биде добро за СДСМ. Многу е важно пред секој политички потег, внимателно да се анализира какви реакции ќе предизвика и какви последици ќе направи. Време до петок има, и ќе почекам дотогаш. Најважно е сега да се сочува единството внатре во СДСМ на начин каде сирте релевантни фактори ќе застанат зад едено решение, рече Зечевиќ
Во однос на рокот за поднесување кандидатури, членот на СДСМ смета дека е малку време за промовирање и објаснување на визиите на кандидатите.
-Краток е периодот. Тоа е дамка. Во однос на другите кандидати, јас сум во предност во однос на нив. Сите структури долго ме познаваат. Јас бев булдожерот на СДСМ во сите овие години, рече Зечевиќ.
Toj рече дека Димитар Кoвачевски му е партиски другар и не може да му најде замерка во партиската активност .
– Повеќе се има посветено на бизнисот и делот во стопанството. Јас сум бил активен во партијата и во рамките на организацијата. Сметам дека ова ми е мотив да се вклучам во процесот и на партијата и треба силна внатрешна реорганизација. Не ги знам личните мотиви на Заев зошто го одбрал Ковачевски, но не значи дека тоа е став и на СДСМ, рече Зечевиќ.