Во касарната „Гоце Делчев“ денеска свечено ќе биде предадена радио-опремата донирана од Република Романија за Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што информираат од ДЗС, на настанот ќе присуствуваат директорот на Дирекцијата Беким Максути, романската амбасадорка Моника Аксинте и Габриел Никола, заменик-амбасадор на Романија во земјава.