Поп-ѕвездите Ед Ширан, Тејлор Свифт и Бeд Бани се меѓу најстримуваните уметници во 2021 година, според податоците на „Епл мјузик“ и „Спотифај“.
Но, новодојдената Оливија Родриго e таа што го зазеде првото место во Обединетото Кралство, со нејзината панк-поп химна Good 4U што се појави како најслушана песна на двата сервиси, пренесува Би-би-си.
На глобално ниво, нејзиниот деби хит Drivers License е најголемата песна за корисниците на „Спотифај“.
Публиката на „Епл“ го претпочита мазниот поп на јужнокрејскиот бенд „БТС“, чиј сингл Dynamite била најслушана песна на годината.
Британските изведувачи беа добро застапени на топ листите на крајот на годината, при што диско-поп одисејата на Дуа Липа, Future Nostalgia, стана вториот најслушан албум на „Спотифај“, по Sour на Оливија Родриго.
Bad Habits на Ед Ширан е третата најслушана песна на „Спотифај“ во 2021 година.