Практична настава во лабораторијата на Водовод за учениците од СМУГЦ „Д-р. Панче Караѓозов“

ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамки на својата стратешка ориентација и политиката за општествена одговорност, го имплементира принципот на општествена одговорност во сите сфери од општествениот живот, вклучувајќи го и придонесот кон унапредување на образованието и науката во државата. Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје со почетокот на учебната година во септември започна со реализација на активности во согласнот со потпишаниот меморандум за соработка со СМУГЦ „Д-р. Панче Караѓозов“, а во насока на унапредување на практичната настава во согласност со Законот за средно образование.

„Во првата фаза беа остварени консултативни средби, меѓу професорите и професионалците во Секторот за санитарна контрола, со цел размена на искуства во научно – истражувачката дејност, беа дадени одредени реагенси и нагледни материјали кои може да се употребуваат надвор од лабораториски услови со цел зголемена ефективност и ефикасност во спроведувањето на практичната настава во рамки на училиштето. Денес започнува втората фаза со спроведување на предавања во лабораториски услови, каде учениците од профилот медицинско лабораториски санитарен техничар ќе можат да усвојуваат дел од практичните знаења во лабораториите на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје под менторство на врвни професионалци од доменот на испитувањето на квалитетот и безбедноста на водата“ – посочи Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола.

 

 

Сите посети и предавања во рамки на оваа фаза, се спроведуваат во согласност со протоколите за заштита од Ковид – 19.

 

 

Треба да знаете
Последни објави