Граѓаните на Ново Маало денеска се собраа на Водно за да ја соопштат како велата вистината за оние мали групи и поединци кои со години ги опструирале за да добијат достојни услови за живот. Повод е барањето на граѓанските активисти за суспендирање на изградбата на комплексот „Гранд“ на паркингот спроти „ХолидејИн“.
-Ние, жителите на Ново Маало изразуваме силен револт кон реакциите на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и нивните обиди за суспензирањена комплексот „Гранд“ на паркингот спроти „ХолидејИн“. Изминативе 70 години ние бевме жртви на институциите кои нè водеа низ бескрајни лавиринти и нема да дозволиме некои активисти да си поигруваат со нас. Токму поради тие активисти, и конкретно сега актуелната советничка во Општина Центар Јана Белчева, ние со години не смеевме да направиме никаква интервенција на сопствениот дом, за колку-толку да си ги подобриме условите за живот.
Со мораториумот кој таа го донесе во 2017 година како Претседател на Советот на Општина Центар, ние претрпевме директна штета, а таа не кажува зошто од тој мораториум го исклучи спорниот ДУП Ј07 во елитната населба на Водно кој предвидува ДУРИ 5-КРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВКУПНО ИЗГРАДЕНА ПОВРШИНА НА ОБЈЕКТИТЕ и 4-КРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАТНОСТА. Тоа значи дека овие приземни бараки овде, сега може да имаат плус два ката и поткровје.
Па еве, ја прашуваме јавно Јана Белчева дали овој ДУП не го става под мораториум бидејќи смета дека:
- БЕТОНИЗАЦИЈАТА НА ВОДНО Е ВО РЕД;
- ВОДНО НЕ Е ПРЕДМЕТ НА НЕЈЗИНИОТ АКТИВИЗАМ
- ВОДНО НЕ ГО СМЕТА КАКО СОСТАВЕН ДЕЛ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
- ИЛИ ИМОТОТ НА ВОДНО КОЈ ТАА ГО ПРОДАВА Е ПОБИТЕН ОД ИНТЕРЕСОТ НА ГРАЃАНИТЕ?
Вистинскиот одговор е дека Јана Белчева имала личен интерес за имот на нејзиното семејство пред кој стоиме денес.Таа личниот интерес го става пред интересите на нејзините сограѓани во Општина Центар кои ги држи во агонија цели три години со нејзиниот незаконски мораториум.
Вака изгледала семејната барака на Јана Белчева на Водно.