Нов мобилен ангеограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија ќе добие Градската општа болница „Осми септември” во Скопје, како донација од Јапонија, во вредност од 100. 886 евра.
Договорот денеска го потпишаа амбасадорот на Јапонија во земјава, Хиронори Савада и директорот на болницата „Осми септември”, Христијан Костов.
Според амбасадорот Савада, овој апарат ќе придонесе за зголемување на квалитетот и капацитетот на болницата за да го адресира здравјето на кардио-васкуларниот систем.
-Ова дополнително ќе придонесе за намалување на ризикот од мозочен и срцев удар, кој е една од најчестите причини за морталитет во Северна Македонија, рече денеска амбасадорот Савада пред потпишувањето на договорот.
Инаку, овој грант е во рамки на Јапонската програма ЏЏП, а како што рече јапонскиот амбасадор, Јапонија е силно посветена да ја поддржи Северна Македонија во социјалниот и економскиот развој, што е многу важно за интеграцијата во Европската унија.
-Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност, или ЏЏП, е еден од столбовите на нашата стретегија за соработка со Северна Македонија. Од 1996 година, Јапонија со вкупно 7,8 милиони евра поддржа 158 ЏЏП проекти, од кои 30 во Скопје во секторот здравство, образование и животна средина, рече Савада.
Тој додаде дека во рамки на оваа програма, ќе потпишат уште пет проекти во декември, и најверојатно уште неколку до март.
Директорот на болницата, Христијан Костов напомена дека со овој грант, Јапонија и јапонскиот народ продолжува во континуитет да помага во модернизирањето на болницата.
Тој денеска по потпишувањето на договорот напомена дека станува збор за втор грант, и благодарение на овие грантови се создаваат многу поволни услови во болницата „Осми септември” да се вршат најсоодветните, насофистицираните интервентни и други радиолошки процедури.
Целта е, како што рече, да се намали листата на чекање, пациентите да имаат поквалитетно здравство и сите оние софистицирани медицински интервенции да бидат правовремено згрижени.
-Со набавка на оваа опрема Јапонија помага нашата болница да понуди врвна здравстена заштита, за што искрено се заблагодаруваме, додаде директорот на болницата „Осми септември”, Христијан Косто