Орландо Блум потроши 230,000 долари за електричен автомобил

Орландо Блум се почести со електричен автомобил „Луцид ер“.

45-годишниот актер, кој има ќерка (18 месеци) со поп-ѕвездата Кети Пери, и 11-годишен син со поранешната сопруга Миранда Кер, забележан е како го вози својот нов седан Lucid Air во Беверли Хилс, на фотографии до кои дојде „Дејли мејл“.

Ривалот на Tesla Model S и Porsche Taycan се смета за иднина на одржлива мобилност, нов дизајн на луксузни електрични автомобили што дополнително го реконструира искуството во возењето.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ е познат по неговите напори да ја подигне свеста за климатските промени.

Треба да знаете
Последни објави