Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за вечерашниот (21 ч.) реванш со Лајпциг во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првата средба заврши 1:1.
– Кога ги видов резултатите од ждрепката, реков дека Лајпциг е навистина добар тим. Наполи, Реал Мадрид, Ливерпул – тие се исто така многу добри – секој тим во оваа фаза има квалитети и силни страни. Пред нашите навивачи мора да се докажеме и да победиме. Не е важно колку голови ќе се постигнат, само треба да победиме и да избориме четвртфинале. Тоа е она што мора да го направиме, изјави Гвардиола.
Покрај овој натпревар, вечер во истиот термин ќе се соочат Порто и Интер. Италијанскиот тим на првиот меч победи со 1:0.