Поддршката на граѓаните за премиерот на Косово, Албин Курти, според истражувањето на УНДП, паднала за 15 отсто. Како дел од причините поради кои Курти останал без поддршка, според Косово онлајн, се промената на курсот во дијалогот со Србија и високата стапка на инфлација.
На вонредните парламентарни избори во февруари 2021 година, Движењето Самоопределување, под водство на актуелниот премиер Албин Курти, освои 48 отсто од гласовите, што беше окарактеризирана како најголема победа на косовските избори, со оглед на тоа дека дотогаш владејачката ДСК освои само 13 отсто од гласовите.
Истражувањето спроведено од УНДП во мај 2021 година покажа дека Курти има голема поддршка од граѓаните. Тогаш нивото на задоволство на граѓаните од неговиот учинок беше 59,5 отсто.
Сепак, во ноември 2021 година падна на 53,2 отсто, додека во април 2022 година беше 52,6 отсто.
Последното истражување на УНДП покажува најниска оценка за задоволство од работата на Курти откако тој ја презеде власта.
Во ноември 44,9 отсто од анкетираните граѓани биле задоволни од неговиот настап.