Унгарскиот премиер Виктор Орбан и францускиот претседател Емануел Макрон се сретнаа во Париз за да разговараат за билатералните односи и најважните аспекти од иднината на Европа, соопшти портпаролот на унгарскиот премиер Берталан Хаваси.
Како што јави агенцијата МТИ, Орбан изјавил дека Унгарија сака итен прекин на огнот и мировни преговори во Украина.
Исто така, Орбан потсетил дека Унгарија е за мир од почетокот на војната и така ќе остане и во иднина.
Агенцијата објави дека утринава Орбан се сретнал со поранешниот француски претседател Никола Саркози, со кого разговарал за билатералните односи меѓу двете земји и меѓународните проблеми, како што е војната во Украина и европските политики.