Легендарниот фудбалер и почесен претседател на Црвена ѕвезда, Драган Џајиќ, денеска е избран за претседател на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) откако вчера од трката се повлече Немања Видиќ.
На вонредната седница на ФСС, која се одржа во Стара Пазова, беа присутни 79 од 85 делегати, Џајиќ беше едногласно избран за претседател, а пред гласањето, претседателот на синдикатот на професионални фудбалери Независност, Мирко Поледица, ја напушти седницата.
Џајиќ по изборот рече дека е почестен што добил можност да го води српскиот фудбал и дека го прифатил предизвикот бидејќи со освојувањето на 36 клупски трофеи, европски и светски титули може да помогне српскиот фудбал да се подигне на повисоко ниво.