Фудбалерите на Манчестер Сити ја постигнаа својата најголемата победа во европските настапи, а Лајпциг најголемиот пораз во вечерашниот реванш натпревар од осминафиналето на ЛШ.
Тимот на Гвардиола славеше со 7:0 на „Етихад“ по ремито 1:1 во Германија пред две недели. Хорвежанецот Халанд посигна пет гола, а по еден Гундоган и Де Брујне.
Сепак, домаќинот славеше на крилата на две спорни судиски одлуки на словенечкиот судија Славен Винчиќ. И покрај тоа што Сити уште од почетокот беше поконкретен, дваесетина минути не успеваше да најде решение за „бравата“ на ривалот, но потоа почнаа судиските одлуки кои целосно ја насочија играта како што им се допадна на „граѓаните“.
Најпрво Винчиќ досуди спорен пенал за домашните, со оглед на тоа што топката удри во раката на играчот на Лајпциг, Хенрикс, а откако Халанд од пенал му донесе водство на Сити, почна „бродоломот“на германскиот клуб. Бидејќи само 19 секунди откако Лајпциг стартуваше од центарот, домаќините освоија топка, Де Брујне ја затресе гредата и норвешкиот напаѓач се најде на вистинското место и го најави и дебаклот на противникот.
Сепак, прашање е дали семафорот ќе прикажеше толку убедлива победа која ја прослави „синиот дел“ на Манчестер доколку Винчиќ го исклучеше голманот на Сити, Едерсон, кога го „разнесе“ ривалот во дуелот на околу 25-30. метри, а не доби ниту жолт картон.
Натпреварот сепак го одбележа Норвежанецот, кој по првите 45 минути постигна 31 гол во елитното клупско натпреварување, со што стана најмладиот играч досега кој постигнал 30 гола во Лигата на шампионите. Досега на таа позиција беше Килијан Мбапе, а фудбалската јавност го сфати спектаклот на Халанд како одлично продолжение на големото ривалство, бидејќи сцената ја презедоа центарфорот на Сити и ѕвездата на Париз.
Тоа не е единственото големо достигнување на асот на Пеп Гвардиола. Имено, Халанд на 25 настапи во Лигата на шампионите постигна 31 гол, а на ниту еден фудбалер во историјата на играта не му требаше помалку настапи.
Халанд го постигна првиот гол во ЛП токму во дресот на Лајпциг. Тој постигна осум гола на големата сцена во германскиот клуб, уште 15 во дресот на Борусија Дортмунд, а осум во Сити до првата половина од осминафиналето. Тој постигна хет-трик во пет наврати оваа сезона, а вкупно 37 пати ја погоди мрежата во 36 настапи оваа сезона.
Халанд постигна уште два гола во вториот дел, по што беше заменет во 62. минута.
Во второто вечерашно осминафинале Порто и Интер одиграа без голови, што беше доволно за гостите од Милано да се пласираат понатаму по миниманланат победа пред две недели.
Порто беше доминантен, а особено во финишот на средбата, но Инер успеа да се одбрани.