Бјорн и Лена Улвеус се разведуваат по 41 година брак.
76-годишниот музичар, најпознат како член на култниот поп-бенд „АББА“, најави дека тој и Лена (73) ќе се разведат, но ќе останат блиски пријатели.
Двојката во заедничкото соопштение наведува: „По многу убави и исполнети години, решивме да се разделиме. Остануваме блиски и добри пријатели и ќе продолжиме заедно да ги славиме родендените на нашите внуци и другите семејни прослави.“
Двојката започна врска веднаш откако Бјорн се раздели од колешката од бендот, Агнета Фелтског, со која има син и ќерка, а со која се ожени неколку години пред да станат славни по победата на Евровизија со хитот „Ватерло“ во 1974 година. Нивниот развод беше финализиран во 1980 година.
Веста за претстојната разделба доаѓа само неколку месеци откако „АББА“- легендарниот квартет запаметен по класиците како Dancing Queen, Mamma Mia, The Winner Takes It All – издаде нов албум по пауза од 40 години.
Албумот Voyage се искачи на врвот на топ-листите кон крајот на 2021 година.