Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните со одговорни мерки и политики.
Од денеска цените на млекото и на млечните производи се намалуваат за 10, а на тестенините за 15 проценти, со стапувањето на сила на одлуката за замрзнување на нивните цени.
Од денеска сите граѓани ќе купуваат поевтино млеко, јогурт, сирење, урда, павлака како и макарони и шпагети.
Ова е второ замрзување на цените годинава. Прв на листата беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава по цена од најмногу 33 денари.
Замрзнувањето на цените е направено врз основа на внимателни и детални анализи и пресметки, со кои се заштитуваат граѓаните, а не се оштетуваат компаниите.
Надлежните институции ќе ја следат состојбата на терен, а компаниите се обврзани да ја почитуваат одлуката.
СДСМ нема да дозволи некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза, која несомнено ги погодува сите.
Во време на криза, никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.