Ди Каприо ја обелодени својата нова инвестиција

Леонардо ди Каприо се огласи на социјалните мрежи во вторникот и со гордост ја најави својата инвестиција во шампањската куќа „Телмонт“.

47-годишниот оскаровец и екологист се здоби со акционерски удел во Telmont Champagne House лоцирана во Дамери, Франција.

„Од заштита на биодиверзитетот на својата земја, до користење 100% обновлива електрична енергија, @мaisontelmont е решена радикално да го намали својот еколошки отпечаток. Горд сум што се приклучив како инвеститор во Champagne Telmont ,“ Ди Каприо твитна за своите 19,5 милиони следачи.

Шампањската куќа „Телмонт“ е основана во 1912 година, наведува Ди Каприо во твитот.

Champagne Telmont, заедно со своите партнери лозари, се стреми кон производство на 100-процентен органски шампањ, обезбедувајќи целосно одржлив животен циклус на производство во наредните години“.

Треба да знаете
Последни објави