„Да! Тој доаѓа““ ова е новата како што многумина коментираат, засега неофицијална кампања започната во ДУИ.
Слоганот е споделен од членови и симпатизери на партијата.
Многумина ова го толкуваат и го поврзуваат со кампањата која деновиве се најавува од страна на членството на ДУИ а истата се однесува на избор на прв премиер Албанец во Македонија.
Бујар Османи пред неколку дена најави дека наскоро Албанец ќе биде премиер, со што потсети на договорот со СДСМ од деновите на последното коалицирање а истото подоцна беше дообјаснето од Артан Груби.
Во изјава за косовска телевизија Груби рече дека договорот што бил постигнат меѓу лидерот Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев предвидува во последните 100 дена од мандатот на Владата функцијата да ја извршува Албанец.
Груби рече дека нема амбиции да го замени актуелниот премиер Димитар Ковачевски, туку дека изборот ќе го направи лидерот Али Ахмети.
Од „Огнената група“ пак најавија петиција за разрешување на Груби, и министрите во Владата од редовите на интегративците.
Првата кампања беше во пресрет на парламентарните избори во 2020 година. Тогаш ДУИ го лансираше слоганот „Премиер Албанец, зошто да не?“.
За локалните избори ДУИ настапи со зелената агенда како најава дека партијата се менува и дека во фокусот на интегративците е животната средина.
Сега, во пресрет на парламентарните избори, партијата на Али Ахмети најавува нова кампања „Тој доаѓа!“, а позадината е во темно сина боја.
Од партијата не откриваат на што се однесува новиот проект.