Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по одржувањето на Советот за социјална сигурност, информираше за усвоеното усогласување на мартовските пензии, односно покачување за 8,4%. На прес конференцијата на која присуствуваа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренческа и претседателката на Сојуз на здруженија на пензионери Станка Трајкова, претседателот на владата истакна дека од почетокот на мандатот на оваа Влада заклучно со септември 2023 година пензиите ќе бидат повисоки за 25% што е најголемо покачување досега во историјата на државата.
„Ако зборуваме во проценти зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 % што е и повеќе од очекуваното.
Во оваа 2023 година освен оваа мартовско усогласување на пензиите, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата. Што значи за една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%. Или од првиот ден на оваа Влада, јануари минатата година со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% што никогаш досега во историјата на државата се нема случено”, истакна премиерот Ковачевски.
Усогласувањето на пензиите се врши согласно метологијата 50% трошоци од пораст на проечната исплатена плата и 50% од порастот на животот на трошоците во РСМ, објасни министерката Тренчевска.
„Септемвриските пензии се усогласија во 2022 година согласно овој комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоците на живот и ја зголемивме, односно усогласивме тогаш поензијата за 6,8%. Зголемувањето сега со мартовската пензија, која што пензионерите ќе ја добијат на крајот од месец март, некаде 27ми март ќе започне исплатата на пензиите, ќе биде зголемена, односно усогласена за 8,4% и со тоа просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари”, рече Тренческа.
Претседателката на Сојуз на здруженија на пензионери, Трајкова истакна дека со примената на новата методологија која е преточена во законот за ПИОМ најнепосредно и директно се примени членот 37 од законот за ПИО и пензиите ќе се усогласат со 8,4%.
„За илустрација во примената на таа формула во 2022 година споредени полугодијата порастот на трошоците за живот изнесува 10,6% а порастот на платите 6,2% што значи дека пензиите на пензионерите се зголемија за 8,4% и вака зголемените пензии ќе бидат основа за наредните зголемувања”, истакна Трајкова.
Усогасувањето на пензиите почна од септември минатата година. Септемвриските пензии се усогласија согласно овој комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот, пензиите се зголемија во висина од 6.8%, со што пензијата од 16.348 денари се зголеми на 17.666 денари.
Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет растат и пензиите. Од голема важност за Владата е и многу успешната соработка и квалитетниот дијалог со Сојуз на здруженија на пензионери, заедно со експертите, ресорните министерства, пензиските друштва, партијата на пензионерите, останатите коалициони партнери во Владата со кои се направи успешна, со единствена цел за квалитетен живот на нашите возрасни граѓани.