Пролет во Далмација, измерени рекордно високи температури

На првиот ден од новата година во Далмација се измерени екстремно високи температури за овој период од годината.

Државниот хидрометеоролошки завод соопшти дека првите анализи покажуваат дека првиот ден од новата година донел апсолутни рекорди на највисока температура за јануари откако има мерења на повеќе станици.

Највисока температура е измерена во Книн, 21,1 степени, потоа во Сињ е 20,9 степени, во Метковиќ се регистрирани 20,2 степени, а во Завижан 12,6 степени, што никогаш досега не се случило

Претходните рекорди беа изедначени во Имотски (19,0 ° C) и Плоче (18,6 ° C), соопшти ДХМЗ

Треба да знаете
Последни објави