(Видео) Снег и град за Нова Година во Египет- туристи изненадени

Популарното египетско летувалиште Хургада влезе во 2022 година под снежна покривка донесена од ненадејна бура.

Туристите биле воодушевени кога местото го зафатило невреме и на првиот ден од Новата година донесе снег, што ретко може да се види таму. На социјалните мрежи се појавија снимки од луѓето кои бегаат во своите хотели, засолнувајќи се од снегот и поголемиот град кој паѓа од небото.

Поради невремето затворени се и училиштата, а на граѓаните и на туристите им е препорачано да се држат настрана од објекти кои можат да бидат потенцијално опасни, како дрвја и улично осветлување.

Треба да знаете
Последни објави