(Видео) Млад Хрват исчезна за новогодишната ноќ во Белград- таткото очаен бара помош на Фејсбук

Дваесет и седумгодишен Хрват исчезна за време на новогодишната ноќ во Белград. Тој со неговите другари биле во Белград за дочек на Новата Година, но никој не забележал кога младиот Матеј Периш исчезнал. Потрагата по него трае втор ден, а по тој повод денеска во Белград доаѓа неговиот татко Ненад. И речната полиција во Белград од денеска трага по Периш.

Загрижен поради исчезнувањето на својот син, за кој веќе втор ден нема ни трага ни глас, Ненад Периш веќе ги контактирал службите вклучени во ова мистериозно исчезнување и се надева дека со синот ќе се врати во Сплит.

„ Кога другарот на Матеј ми го побара бројот на мобилниот телефон по новогодишната ноќ, веднаш знаев дека нешто не е во ред, особено кога ми кажа дека телефонот на Матеј е исклучен“ изјави таткото на исчезнатиот млад човек.

Таткото на исчезнатиот Матеја е во неверување што никој не можел да го види неговиот син како го напушта клубот во кој го прославил пречекот на Новата Година, како и тоа што после тоа нема траги од тепачки и инциденти кои би навестиле дека можеби бил нападнат.

Сакајќи што побрзо да го пронајде својот исчезнат син, Ненад Периш на социјалната мрежа Фејсбук ја сподели веста за исчезнатиот син во која напиша „Помогни ми Ве молам“.

Како што изјави вчера за хрватските медиуми, добил бројни повици од српските служби, од хрватската амбасада и од неговите пријатели кои биле ангажирани во потрагата по исчезнатиот млад човек. Несреќниот татко наводно бил против неговиот син да оди во Белград на дочекот, но поради остатокот од друштвото на крајот му дозволил.

Пријателите во потрагата по исчезнатиот Матеј снимиле видео пред кафулето каде последен пат бил виден младиот човек и ги сумирале сите опции за можен исход.

„ Тој не е мал. Не можел некој да го стави во џеб и да го однесе некаде. Или евентуално никогаш да не го напуштил клубот и да го ставиле во подрум. Може да се дознае кој работи во клубот“ рекол еден од другарите на Матеј.

Тие во разговор за медиумите рекле дека седуммина од нив вечерта прво отишле на вечера во ресторан, а потоа во клубот „Готик“. Кога во еден момент друштвото приметило дека Матеј веќе некое време го нема, почнале да го бараат внатре. На излегување од клубот сфатиле дека јакната му останала во гардеробата. По пребарувањето, отишле во нивното сместување, каде што се надевале дека Матеј ќе дојде следното утро. Кога тоа не се случило, ја контактирале полицијата.

Треба да знаете
Последни објави