(Видео) Полициско куче нападна демонстрант на протестите во Амстердам

Илјадници луѓе во главниот град на Холандија, Амстердам, протестираа против владините ковид- мерки, пркосејќи ѝ на забраната за собири.

За време на протестите дојде и до судири меѓу полицијата и демонстрантите, при што едно полициско куче нападна демонстрант. Ситуацијата беше драматична, бидејќи кучето не го пушташе човекот, кој пак се обидуваше да му побегне.

Локалните власти го забранија протестот, наведувајќи дека полицијата има индиции дека некои демонстранти се подготвени на насилство, пренесе АП.

Издадена е итна наредба за насобраните да го напуштат Музејскиот плоштад, а полицијата ги растера демонстрантите на околните улици.
Пред пристигнувањето на полицијата, некои учесници развија транспарент во близина на музејот на Ван Гог на кој пишуваше „Помалку репресија, повеќе внимание“.

Група луѓе во бели комбинезони и со бели маски носеа неколку транспаренти, меѓу кои на едната страна пишуваше: „Не се работи за вирусот, туку за контрола“, а на другата: „Слобода“. Демонстрациите се одржаа истиот ден кога холандската полиција најави дека ќе преземе мерки поради зголемените барања поврзани со нивната работа.

Претставниците на полицискиот синдикат, пак, рекоа дека единиците за интервенција ќе продолжат да работат доколку има потреба.

Треба да знаете
Последни објави