Реал Мадрид загуби со минимални 1-0 на гостувањето на Хетафе во рамки на 19.коло во Ла Лига.
Едиствениот гол за домашниот тим беше дело на Енес Унал во 9.минута од натпреварот. „Кралевите“ иако имаа иницијатива и неколку добри шанси, Хетафе успеа да оддолее на притисокот и да му го нанесе вториот сезонски пораз на лидерот на табелата.
„Кралевите“ загубија по 11 кола во Ла Лига, а прв пат од Хетафе уште од 2012 година.
Карло Анчелоти имаше непобедлива машинерија, затоа што „кралскиот клуб“ не знаеше за пораз од октомври. Последниот неуспех беше на 3 октомври против Еспањол (1-2), а оттогаш тимот нанижа петнаесет натпревари без пораз со биланс од тринаесет победи и две нерешени.