Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Единствен кој е одлепен од реалноста е Христијан Мицкоски и тоа денеска индиректно му го порача и неговата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски беше тој што ја лежеше и плашеше јавноста дека струјата ќе поскапи помеѓу 30 и 40 отсто, Мицкоски беше тој кој ширеше паника дека парното ќе поскапи за две и пол до три пати.
Во реалноста, зголемувањата на цените се три до четири пати пониски од лагите на Мицкоски што само покажува дека тој не разбира енергетика, дека негова единствена цел е да шири паника и да профитира од секоја можна прилика.
Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните погубни политики, цената на струјата се покачи за 100 отсто.
Енергетската криза е глобална што покажува и фактот дека една Турција цената на струјата за домаќинства ја покачи за 50 отсто, додека онаа за компаниите порасна и за над 100 отсто, но тоа не ги спречува ВМРО-ДПМНЕ очајнички да се обидуваат да профитираат политички.