Алјинса за Албанците реагира на одлуката на Врховниот суд, кој ја потврди второстепената пресуда за случајот „Диво Насеље“, односно да нема повторно судење, откако жалбите на обвинетите ги одби како неосновани.
-Додека Сашо Мијалков, Катица Јанева, Орце Камчев и многу други криминалци слават со своите семејства, многу Албанци се држат невини по затворите. Денес судот на Ахмети-Мијалков-Заев донесе одлука да не се суди повторно за случајот со Куманово, иако не сведочеа Али Ахмети, Артан Груби и таквите што имаа сомнителна улога во моментите на борбите каде што беа убиени неколкумина поранешни војници на ОНА и неколку припадници на полициските сили.
Таканаречените „бомби” за вистината на кумановската група со која Зоран Заев дојде на власт не беа разоткриени. Кога Зоран Заев мамеше, тогаш кога случајот го искористи за власт или денес кога ги осудува по неколку пати по ред!? Обвинителството мора да постапи и во двата случаи, но колку што е веќе познато тоа е заробено и постапува само по диктат на Али Ахмети и Зоран Заев.
Правдата на Маџар Телеком и на Луис Витон ташните ги бројат последните денови, се ближи времето на одговорност, велат од АА.