Израелскиот весник Ерусалим пост денеска објави дека неговата веб-страница била хакирана, што тие го опишаа како „очигледна закана” за нивната земја.
Наместо главната страница со вести, на хакираната веб-страница се наоѓала илустрација која асоцирала на највисокиот ирански генерал, Касем Сулејмани, убиен во напад на американско беспилотно летало во Ирак во 2020 година. Илустрацијата претставувала предмет што наликува на куршум истрелан од црвен прстен, кој потсетува на препознатливиот прстен што го носел Сулејмани.
Ерусалим пост, дневен весник на англиски јазик, на Твитер објави дека работи на решавање на проблемот.
– Свесни сме за очигледното хакирање на нашата веб-страница, со директна закана за Израел, се наведува во објавата на Твитер.