Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од булевар „12-та Македонска Бригада” и на дел од булеварот „Србија”.
Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф-180 мм на булевар „12-та Македонска Бригада” 22а.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.